Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хаким Мастур требаше да биде новата ѕвезда на европскиот фудбал, кога на свои 14 години потпиша за италијанскиот гигант Милан.
Фудбалерот од Мароко стана „Јутјуб“ сензација откако во едно видео ги покажа своите фудбалски способности и техника. Набрзо потоа италијанскиот гигант Милан го купи од Реџина за 500.000 евра.
Мастур имаше само 15 години кога за првиот тим на Милан го повика тогашниот тренер Кларенс Седорф, а набрзо потоа потпиша спонзорски договор со „Ред Бул“ и „Најк“.
Меѓутоа, потоа следуваше пад во кариерата на тинејџерот. Најпрво имаше позајмица во Малага во сезоната 2015/16, а потоа следуваше позајмица во Цволе каде одигра само шест меча.
Мастур на почетокот на актуелната сезона се пресели во грчкиот тим ПАС Лемиа, кој моментално се наоѓа на 9-то место на табелата, меѓутоа од клубот тврдат дека тој „исчезнал“ пред два месеци и не знаат каде е.
Неговиот менаџерски тим предводен од Мино Раиола за „Газета дело Спорт“ изјави дека Мастур се вратил во Милано каде се опоравува од повредата на бутниот мускул.
Меѓутоа, грчкиот клуб тврди дека 20-годишниот фудбалер се вратил во Италија без дозвола и сакаат да го раскинат договорот, кој е со важност до 2021 година.
Мароканецот набрзо ќе остане без клуб, а најверојатно ќе заврши и на спортскиот суд во Лозана.