Home Актуелно Распишана меѓународна потерница по Красниќи и Рамадани

Распишана меѓународна потерница по Красниќи и Рамадани

Македонското Министерство за внатрешни работи на својата интернет страница ги објави распишаните меѓународни потерници за затвореничките бегалци Агим Красниќи и Сехат Рамадани.

За овие двајца вчера беше објавено дека не се вратиле на отслужување на казната во затворот во Штип. Красниќи и Рамадани не се пријавиле во затворот по викенд отсуството, кое како што информираше директорот на затворот Мики Тодоров, го користеле како право од септември 2017 година.

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група“ на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „киднапирање“ и „рекет“. Двјацата добија казна затвор од по 15 години и досега отслужија вкупно 12 години. За доизвршување на казната затвор им остануваат уште три години и три месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…