Распали низ Париз: Моќната порака на париските мурали од Банкси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот и мистериозен уличен уметник Банкси, преку својот уметнички израз и муралите на ѕидовите по улиците од Париз критички распали против политиката на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со мигрантите, како и политичката состојба во Франција.

Банкси на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, го „освежи“ Париз со шест новонасликани мурали, со кои ја критикува актуелната француска политика во однос на мигрантите.

На првиот мурал е прикажано девојче кое прецртува нацистичка свастика (ја критикува политиката на француските власти за мигрантите), вториот мурал претставува верзија на Банкси на познатата уметничка слика „Наполеон ги преминува Алпите“ (го симболизира начинот на кој Макрон ја води државата), додека на третиот мурал е насликан маж кој му дава коска на куче без една шепа (укажува на начинот на кој политичарите го мамат народот).

На преостанатите три дела се прикажани стаорци, кои ја симболизираат работничката класа.