Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познат под името Лед Седре, некогашниот дом на белгискиот крал Леополд Втори, се нуди за една милијарда евра.
Имотот има своја капела, штали за коњи, градини… и нуди се’ што може да посака еден богат човек.
„Куќата“, со 10 соби, голем базен, со една од најимпресивните градини во светот со 15.000 растенија и речиси 20 стакленци со ретки тропски примероци, била изградена во 1830 година. Со тоа оди и поглед на море, а во близина е Ница.
Имотот припаѓал на династијата Марние, а го продава наследничката на Сузан Марние Лепостол, наводно, поради економската криза што ја погоди Франција, а ја погодила и нејзината компанија која акумулираше огромно богатство од производство на истоимениот ликер.
Во моментов, само за одржување на замокот се ангажирани 15 професионални градинари.
Агенти за недвижности велат дека не добиле инструкции околу продажбата, но велат дека таков имот најчесто се продава „дискретно“.