Расист погубен во Тексас поради измачување и егзекуција на афроамериканец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џон Вилијам Кинг кој изврши најтешко измачување од расистички побуди во поновата историја на САД, ноќеска беше егзекутиран во Тексас, каде се изврши пресудата за смртна казна за стореното злосторство.

Расистот Кинг беше осуден на смртна казна зашто со тројца други припадници на Кју Клукс Клан, с синџири го врзал афроамериканецот Џејмс Бирд Џуниор за својот камионет и го влечел речиси пет километри низ шумата во околината на местото Џеспер во Тексас. Овој страшен чин на измачување се случил на 7 јуни 1998 година и стана еден од најбруталните расистички злосторства во поновата исрторија на САД.

Сестрите на Џејмс Бирд Џуниор со негови фотографии

49- годишниот Афроамериканец бил жив првите три килломтери од измачувањето низ шумскиот пат , пред телото буквално да му биде распарчено.

Кинг отворено ги застапува своите расистички ставови , па дури има и тетоважа на која е прикажан црн човек како виси обесен со јаже на вратот.

Кинг, кој беше погубен ноќеска, е трет затвореник врз кого годинава во Тексас е спроведена смртна казна од вкупно четири случаи во сите земји на САД.