Расипник: Таткото на Џеј Ло цело богатство го дал на контроверзниот култ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дејвид Лопез, татко на славната пејачка Џенифер Лопез, 30 години е член на скинетолошката црква која сега го доведе до финансиски крах. Дејвид Лопез откри дека скиентолошката црква го разорила неговото семејство, пренесува Radar Online.

Лопез, кој беше верен член на ова религиско движење, со години давал за нивната црква илјадници долари поради што сега е на работ на банкрот. „Кога прв пат влегов во светот на скиентологијата на почетокот сето тоа ме плашеше. После некое време стравот исчезна и мислев дека ќе добијам посебни моќи. Не ми беше гајле за мојата работа и углед“, признава Дејвид. Иако знае дека и самиот западнал во замката на скиентолошките водачи, кои своите следбеници ги поттикнуваат на донирање пари за нивните ритуали и собири на верниците, 72-годишниот Лопез уште не е спремен да се откаже од нивното верување.

Но, тврди дека не бил на нивните собири веќе пет години. И понатаму е нивни член, само не е активен. Таткото на славната пејачка и холивудска актерка тврди дека денес, поради контроверзниот култ, одвај преживува. Домот во Пасадена, Калифорнија, вреден милион долари го замени со скромно живеалиште во предградието на  градот Азус.