Расипана другарка: Ја турна од 18-метарски мост – девојчето скрши пет ребра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката на која се гледа како една девојка ја турка својата другарка од 18 метри високиот мост во реката минатата недела предизвика бура од реакции и критики на социјалните мрежи во Вашингтон.

Лошата другарка сега беше и идентификувана. Станува збор за Тејлор Смит, 18-годишна девојка, која ја турна 16-годишната Џордан Холгерсон од 18-метарскиот мост во водите од реката Луис Ривер во Јаколт.

Холгерсон од оваа невкусна и болна „шега“ која другарката ја направи со неа излезе со пет скршени ребра и повредено белодробно крило, па сега одвај може да оди.