Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите кои ги пренесува 360 Степени, повикувајќи се на извори од обвинителството, Вишото јавно обвинителство Скопје се согласува Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција. Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следи по жалбата на Рашковски на продолжувањето на мерката притвор против него во втората половина на мај од страна на Кривичниот суд во Скопје.
Од обвинителството, на прашањата на „360 степени“ објасниле и дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра.
„Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“, велат од ЈОРМ.
Тоа што Вишото обвинителството се согласува Рашковски да излезе од притвор не значи и дека тоа на крај ќе се случи. Обвинителството само дава мислење, а одлуката ја носи Судот. Во случајот, надлежен за конечната одлука е Апелациониот суд во Скопје кој треба да одлучи по жалбата.