Home Актуелно Рашковски осуден на 8 години затвор, заврши во куќен притвор

Рашковски осуден на 8 години затвор, заврши во куќен притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ќе оди во куќен притвор откако беше осуден на осумгодишна затворска казна за случајот Софтвери.

Куќен притвор му е одреден поради опасност од бегство. Тој доби и забрана да комуницира со останатите обвинети. Останатите за кои се побараа мерки, тие не беа одредени. Притвори поради опасност од бегство побара обвинителката Ивана Трајчева.

„Предлагам на Драги Рашковски, Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев да се определи притвор, бидејќи може да се дадат во бегство, а заради издржување на казната затвор. Оправданиот страв дека сега обвинетиот Рашковски ќе се даде во бегство го темелам на следните факти: Со решение на Апелација му беше укината мерка куќен притвор и беше пуштен на слобода со гаранција“, кажа Трајчева објаснувајќи за вредноста на имотот на Рашковски кој е со помала вредност од тоа што првично било кажано.

За Станчев кажа дека тој нема потесно семејство, а има пари кои може да ги искористи за да се даде во бегство. За Ивица Димитровски и Игор Христов, обвинителката посочи дека обвинетите имаат извлекувано пари во готовина кои ги давале на обвинетиот Рашковски, односно дејствувале заедно – што е околност дека може да бегаат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…