Раширија шалови од Палестина на Евровизија во знак на протест на агресијата од Израел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Техно-индастријал-панк-рок составот Hatari, евровизиски претставници на Исланд кои беа дел и од финалната вечер во Тел Авив, го привлекое врз себе јавното внимание и она на најшироката публика со неколку моменти од нивниот настап и појава.

Нивниот садо-мазо стил предизвика голем број реакции и коментари, а како шлаг на својот стил и став беше подигнувањето на шалови со апликација од знамето на Палестина среде Тел Авив, како знак на револт и тивок бунт против агресијата која таму ја врши Израел.

Членовите на исландскиот бенд ги држеа во раце шаловите со боите од Палестина додека беа во фокусот на главната камера за време на соопштувањето од страна на Бар Рафаели и Ерез Тал за бројот на поените кои тие ги добија од публиката. Нивниот потег беше проследен со свирежи од голем дел од присутните во салата во арената Експо.

Претставниците на Исланд овој потег го направија со цел јасно да го изразат своето противење кон израелската окупација на Палестина и да укажат на кршењето на човечките права во оваа земја за што и претходно многу пати говореле.

Интересен момент беше тоа што после само неколку мига откако тие ги кренаа шаловите од Палестина, им пријде еден член од обезбедувањето и побара од бендот да му ги предадат истите.

Hatari синоќа заврши на 10. позиција во генерален пласман со освоени 234 поени.