Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, покажа дека во извесна мера очигледно е одличен преговарач, откако во новата владата се договори да добие три министерски места, три заменички, потпретседателско во Cобранието и над 40 раководни и заменички позиции во државни и јавни институции. А при официјалното пристапување во владата, ја спомена и својата музичка кариера од младоста.
Имено, неговиот бенд кој го основал како средношколец, сe викал токму „Празни џебови“ и Гаши тоа кредо го прифатил и во политиката, односно објасни дека тој и неговите сопартијци не се тука за полнење на своите џебови туку да го штитат општиот интерес и граѓаните.
-Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џепови“ и во тоа време во едно интервју на прашање од новинар што очекувате од музички аспект, реков не знам што, само знам дека името на групата нема да се смени. Така што ниту јас, ниту повисоките експоненти од мојата партија не сме во политиката за да ги наполниме џебовите и целосно се одважуваме и се дистанцираме од еден ваков вокабулар. Многу е штетно политичките експоненти да се сметаат и перцепираат како поединци кои влегуваат во политиката за да ги наполнат џебовите и се додека вака се размислува во јавноста и во одредени случаи и аспекти со право е така бидејќи неколку политичари даваат основа и причина вака да се мисли јас сметам дека сепак нештата ќе одат кон лошо, рече лидерот на Алтернатива Гаши.
Неговиот бенд во далечната 1995 година настапи со рап композиција на популарниот албански музички фестивал „Нота Фест“. Токму Гаши видеото од овој настап го сподели одамна на ЈуТјуб. Пеејќи за љубовта и тагата поради невозвратената љубов од девојката од истоимената песна, Гаши низ стиховите ѝ порачува на својата љубена дека може и да умре за неа.
Оставајќи ја одамна музичката кариера, на политичката сцена Гаши ветува дека како одговорен политичар ќе остане доследен на поширокиот интерес, а не само на теснопартискиот, откако ја извиси опозицијата за да формира парламентарно мнозинство, па се приклучи кон власта чие мнозинство го направи стабилно и функционално, веројатно до наредните редовни избори, како што очекува премиерот во заминување Зоран Заев.
-Јас со најголема одговорност ви велам, како претседател на Алтернатива дека секогаш кога сме коалицирале, кога сами сме учествувале на избори, целото ова наше политичко патување сме го оствариле најпрвин со наш фокус врз поширокиот интерес, не само на партијата. И во овој случај свесни сме дека за Алтернатива би било многу покомотно да остане во опозиција и се разбира дека со тоа би избегнале секаква критика или обвинување, но Африм Гаши не е обичен поединец во оваа земја, има политичка одговорност за сите граѓани и за регионот. Ние треба да се водиме од интереси само на политичките партии, ние треба да бидеме луѓе кои треба да ја сметаме и да ги земеме во предвид интересите на државата и доколку вака постапуваме ќе одиме во вистински правец. Доколку постојано калкулираме за идните избори, јас сум свесен дека овој процес во кој сме влегле е опасен за нас, но јас сум убеден дека ова е за доброто на граѓаните и доколу Алетрнатива на следните избори не добие ниту еден пратеник, а државата добие датум за преговори би бил многу радосен, рече Гаши.
Ако ова се случи тој вети дека ќе ја напушти политиката со исправена глава бидејќи ѝ служел на својата земја и на граѓаните со добро.
-Во преговорите ниту јас ниту, Алтернатива немаме уценувачки пристап, да бараме нови позиции. Новото мнозинство ќе биде бродот во кој и ние ќе патуваме. Ние не сакавме да ја разнишуваме или да содаваме потрес или земјотрес во зградата кадешто ние ќе живееме. Така што ова е најдоброто можно решение со кое ќе се стабилизира мнозинството и ќе произведе добри резултати за сите граѓани. Во никој случај од Алтернатива нема да слушате уценувачки тонови при разговорите кога се работи за битни интереси на сите граѓани, уверува Гаши.
При потпишувањето на документот со кој Алтернатива стана дел од власта, лидерот на партијата Гаши не ја потврди точно кои и колку функции ќе преземат членовите на неговата партија, но зборуваше подетално за министерската позиција во здравство заради справување со пандемијата и другите акутни проблеми во овој ресор, како и за директорското место во МЕПСО заради преземање одговорност во справувањето со енергетската криза во државата.
Извор: Слободен печат