Home Шоубизнис Раперот Мик Мил им платил кауција на 20 жени кои се во затвор за празниците да ги поминат дома со семејствата

Раперот Мик Мил им платил кауција на 20 жени кои се во затвор за празниците да ги поминат дома со семејствата

Раперот Мик Мил платил кауција за 20 жени за да можат да ги поминат празниците дома, објави „REFORM Alliance“, организација што ја основал во 2019 година.

Жените биле затворени во поправниот дом Риверсајд во Филаделфија и не можеле да си дозволат кауција, според објавата на Инстаграм на „REFORM Alliance“. Пет жени се ослободени во саботата, а уште 15 ќе бидат ослободени оваа недела, соопшти непрофитната организација. Секоја жена ќе добие и подарок картичка „за да купи намирници или подароци за празниците“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Rooks (@rdrooks)

„За мене беше поразително да бидам далеку од мојот син за време на празниците додека бев во затвор, така што разбирам низ што минуваат овие жени и нивните семејства“, вели познатиот рапер.

„Никој не треба да ги поминува празниците во затвор само затоа што не може да си дозволи кауција и ниту едно дете не треба да остане без родител во тој период ако можеме да направиме нешто околу тоа. Благодарен сум за можноста да им помогнам на овие жени да бидат со своите семејства и најблиските во овој посебен период од годината“, додаде раперот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…