Раперот Еминем собра 2 милиони евра за семејствата на жртвите од нападот во Манчестер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раперот Еминем пред неколку дена ги повика своите фанови да им помогнат на засегнатите од терористичкиот напад во Манчестер што се случи вечерта на 22 мај, по концертот на Аријана Гранде.

– Придружете ми се, за да им помогнеме на жртвите во манчестерскиот напад и нивните семејства, напиша раперот на својот твитер налог, објавувајќи и линк од „Манчестер Ивнинг Њуз”.

Благодарение на тоа, беа собрани над два милиона евра, пренесуваат британските медиуми.