Раперот Дрејк ги повлекува своите номинации за престижните музички награди „Греми“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светската рап-ѕвезда Дрејк ги повлече своите две номинации за овогодинешните Греми награди. Од „Recording Academy“, здружението на музичари и музички професионалци кои ги организираат наградите, неговото барање беше прифатено.

Раперот беше номиниран во категоријата најдобар рап албум за „Certified Lover Boy“ и за најдобра рап изведба за песната „Way 2 Sexy“.

Засега претставниците на Дрејк не дадоа никакво објаснување, а гласањето за најдобри музички достигнувања ќе продолжи само за четворица кандидати, веројатно затоа што гласачките ливчиња веќе се испратени до членовите на Академијата.

Дрејк, кој досега има освоено четири Греми награди, повеќе пати бил во конфликт со организаторите на престижните музички награди.

Пред една година тој изјави дека тие треба да бидат заменети со „нешто ново што ќе се пренесе на генерациите што доаѓаат“.

Тој го кажал ова затоа што организаторите на наградите не го номинирале канадскиот рапер „Weeknd “во ниту една категорија за 2021 година, и покрај тоа што ги имал еден од најдобрите албуми и еден од најдобрите синглови во 2020 година.

Во исто време, на пејачот му се закануваат неколку тужби поради рап-концертот (Astroworld Festival) одржан минатиот месец во Тексас, каде десет обожаватели ги загубија животите во голема толпа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by champagnepapi (@champagnepapi)

Во 2017 година, тој одби да го пријави својот албум „More Life“ за Греми 2018 во која било категорија, а бесот поради наградите таа година кулминираше со следната, бидејќи Џеј Зи не освои награди, иако беше номиниран во осум категории.

Во интервју од 2017 година, тој изјавил дека е номиниран за наградата во категоријата рап само затоа што е црнец.

„Единствената категорија во која можам да се вклопам е категоријата рап, можеби затоа што сум рапувал во минатото или затоа што сум црнец“, изјавил тој на радиото „Beats 1“ на „Apple“.

На доделувањето на Греми наградите во 2019 година, Дрејк го повтори своето незадоволство што црните хип-хоп уметници не добиваат доволно заслуги.

„Ние се натпреваруваме во спорт заснован на нечија гледна точка, а не спорт заснован на факти“, изјави Дрејк додека ја земаше наградата за најдобра рап песна „God’s Plan“.

И многу други врвни црни уметници, вклучувајќи ги „The Weeknd“, „Frank Ocean“ и „Jay-Z“, ги прогласија Греми за неважни во последниве години, нагласувајќи го недостигот на признавање на вредноста на црните уметници.

64-тото доделување на Греми наградите треба да се одржи во Лос Анџелес на 31 јануари.