Home Актуелно Рано утрово уапсен Митко Чавков

Рано утрово уапсен Митко Чавков

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, пренесува порталот СакамДаКажам.

Чавков е уапсен по отворена истрага против него за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ на чело со Зоран Заев, на Зијадин Села кој за малку ќе беше убиен, како и на други пратеници и новинари.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…