Рано утрово силен земјотрес ја погоди Албанија – почувствуван и во Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 4 часот го погоди градот Драч во Албанија.

Земјотресот кој се случи на 164 километри западно од Скопје, во близина на местото Рушкул, над Драч, предизвика значителна материјална штета, а има и повредени. Поради јачината беше почувствуван и во Македонија, Италија, Црна Гора и Бугарија. Жители биле заробени во срушена зграда јавува Топченел.

Граѓаните во паника масовно бегале од домовите, но станарите на една зграда не успеале да излезат и останале заробени под урнатините. Многу објекти и стамбени згради претрпеле штета, а граѓаните во став од нов потрес не се враќаат во домовите. Оштетени се и многу автомобили. Активна е полицијата, брзата помош и противпожарната екипа.

Неколку минути по првиот земјотрес, е почувствуван уште еден потрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер.