Раниери: Нема шанси да го продадеме Шмајхел!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери изјави дека не постои апсолутно никаква шанса да биде продаден голманот Каспер Шмајхел.

Шмајхел често се споменува како потенцијално засилување за Ливерпул и Манчестер Сити, бидејќи двата гиганти не се задоволни од своите голмани.

Сепак, Раниери ги демантираше сите шпекулации и потврди дека Данецот ќе остане во Лестер.

„Каспер има договор со Лестер и не е на продажба по никоја цена. Не ми е жал за Ливерпул и Сити бидејќи мислам дека можат да ја освојат титулата и без Шмајхел“, истакна Раниери.

Италијанскиот стратег додека дека „лисиците мораат да бидат лисици“ во продолжение на сезоната и дека победата против Вест Хем овој викенд е императив.