Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пратеничката од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени при оваа партија.
Рангелова истакна дека одбива да го прифати предлогот од Христијан Мицкоски, кој и посочил дека треба да остане на позицијата до крајот на нејзиниот мандар.
„Не можам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО ДПМНЕ кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу Македонците, но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Рангелова.
Ваквата одлука на Рангелова, следи по низата исклучувања од партијата од страна на лидерот и целокупното раководство.