Рангелова ослободена од обвинението во случајот „Шлаканици во Центар“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во случајот „шлаканиците во Центар“, меѓу кои и за бившата советничка во општина Центар, Даниела Рангелова.

Од обвинението се ослободени некогашната советничка во општина Центар за време на насилствата во 2013, Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски.

Но, обвинети во предметот остануваат Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколкумина кои одговараат за насилство. Од 14 обвинети сега 11-мина се товарат.

Тие се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на Општината кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови.

Судењето е се уште во тек.