Рамос: Плукањето на Аспас? Сето тоа доаѓа од Барселона!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос после мечот со Малага се осврна и на обвинувањата дека на натпреварот од Купот го плукна напаѓачот на Селта, Јаго Аспас.

После натпреварот со Селта главна тема во светските медиуми беше неспортскиот потег на Серхио Рамос и плукањето врз Аспас.

„Плукањето на Аспас? Сето тоа доаѓа од Барселона и од каталонските медиуми. Бев пет метри оддалечен од него. И тој рече дека ништо не приметил“, изјави Рамос.

Напаѓачот на Селта изјави дека не приметил дека се случил таков инцидент, се додека не ги виде снимките.

Рамос потоа проговори и за свирежите на „Сантиаго Бернабеу“ кои можеа да се слушнат во првото полувреме на мечот со Малага.

„Секогаш сум говорел дека барањата на нашите навивачи се најголеми што можат да бидат. Како што не исвиркуваа, така и се обидуваа да ни помогнат за да го надминеме тешкиот период. Во овој момент повеќе од било кога потребна ни е нивната поддршка. Ги знаеме барањата на навивачите и секогаш сакаме да ги задоволиме“, истакна капитенот на „кралевите“.