Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездите на Реал Мадрид и Атлетико Серхио Рамос и Диего Коста открија дека склучиле „луд договор“ и најавија тепачка на мадридското дерби кое на програмата е на 8-ми април.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид најави нова жестока битка на секој дел од теренот со својот репрезентативен колега.
„Тој е добро момче, но јас веќе му кажав дека на теренот нема пријатели. Доколку има потреба да се тепаме, тоа и ќе го направиме. За да стигнеме до победа, ако треба ќе се удиране на теренот.. И двајцата го знаеме тоа“, изјави Диего Коста.
Рамос ја потврди теоријата на Коста, со тоа што покрај тепањето, посочи дека е подготвен и да го гризне противникот доколку биде потребно.
„Нема никаков сомнеж, ние сега сме многу добри пријатели и имаме фантастичен однос. Но, кога е во прашање дербито, ако некој треба да гризне некого, тогаш ќе го направи тоа“, порача дефанзивецот.