Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред утрешното финале во Лигата на шампиони капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос истакна дека играта на Јувентус е слична како на Атлетико Мадрид и посочи од каде доаѓа најголемата опасност.
„Против Јувентус ќе биде многу тешко, тие се слични на Атлетико. Имаат одличен тим и мораме да бидеме внимателни“, изјави Рамос.
Рамос се осврна и на своите бивши соиграчи од Реал кои сега го носат дресот на Јувентус, Гонзало Игуаин и Сами Кедира.
„Игуаин го познавам добро и останавме во контакт. Тој е во добра форма и имаше одлична сезона, но ќе се потрудам да не биде така во финалето. Што се однесува до Кедира, многумина мислеа дека е готовм, а сега е еден од клучните игачи на Јувентус“.
„Сепак, јас мислам дека најголемата опасност доаѓа од Дибала. Многу е брз, добро се движи меѓу линиите и постигнува многу голови“, заклучи Рамос.