Home Спорт Рамос го спаси Реал на Камп Ноу (ВИДЕО)

Рамос го спаси Реал на Камп Ноу (ВИДЕО)

Стоперот на Реал Мадрид повторно во клучен натпревар е херој на својот тим и тоа во последните мигови од мечот. Слично како во финалето против Атлетико Мадрид во 2014г, Серхио Рамос беше прецизен со глава во финишот од натпреварот за да се избори за реми 1:1 и со тоа да ја одржи предноста на Реал пред Барселона од 6 бода.

Почетокот на мечот започна со едноминутно молчење и оддавање почест на жртвите од Шапикуенсе, а фановите на Барселона повторно се погрижија да направат неверојатна кореографија, каква што доликува за едно Ел Класико.

Барселона сигурно ќе жали за пропуштената шанса да се приближи на лидерот на само 3 бода. Откако во првото полувреме, играта на Каталонците беше безидејна, па на полувреме се замина со почетните 0:0, Луис Суарез во 53 минута го отвори мечот со гол со глава по прекин. Од тој момент, а особено по влегувањето на Иниеста, Барселона ја презеде иницијативата, имаше и две стопостотни шанси преку Нејмар и Меси, но сепак не успеа да го постигне посакуваниот втор гол.

И токму затоа, успеа од готово да направи вересија, и тоа во судиското продолжение од мечот. Нововлезениот Арда Туран направи еден непотребен прекршок, а по изведениот слободен удар, Рамос беше највисок и го донесе посакуваното реми, со што тимот на Зидан продолжува со неверојатната серија без пораз, пишува Спортски.мк.


Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…