Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не го заборава својот колега од големиот ривал Жерар Пике ни на два дена пред финалето во Лигата на шампиони.
„Кралскиот“ клуб во сабота ќе се обиде да ја одбрани титулата, а Серхио Рамос не пропушти прилика да го „боцне“ големиот ривал од Барселона со изјавата дека му испратил покана да дојде во Кардиф.
„Во Кардиф ќе дојдат скоро 20 луѓе кои ми се мене блиски за да ме поддржуваат. Му испратив покана и на Жерар Пике, но не одговори“, изјави Рамос.
WATCH: Sergio Ramos brutally trolls Gerard Pique during title celebrations: 'Salute the champions, b***ard' https://t.co/ntVVOoWGwS pic.twitter.com/Xo6UrBdV5q
— MailOnline Sport (@MailSport) May 22, 2017
Херојот на Реал од финалињата во 2014 и 2016 вели дека финалето против „старата дама“ го дочекува потполно смирен.
„Деновите пред финалето ќе ги поминам во својот дом, со братот, споругата и детето. Сакам да се сконцетрирам на мечот со Јувентус. Немам проблем со спиењето. Спијам мирно и цврсто“, истакна Рамос.