Рамковски најави обновување на А1 заедно со новинарите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако после седум години поминати доби прекинување на одлежување на казната поради здравствени причини, Велија Рамковски, сопственикот на првата приватна и најпопуларна телевизија А1, која беше насилно затворена, а тој и неговите најблиски соработници добија долгогодишни затворски казни, најавува дека ќе ја обнови телевизијата, бидејќи тоа го очекуваат гледачите, кои уште ја носат во срцата.

Во ексклузивното интервју за утрешен „Слободен печат“ (петок, 23 август), Рамковски открива дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него ги минаа македонските гулази Шутка и Идризово, како и храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, додека новинарите ќе имаат со статут загарантирана уредувачка автономија.

Извор: Плусинфо