Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рамина Ашфаке во 2016 година беше прогласена за Miss Earth Pakistan, а претходно освои дури шест титули на избори за убавина.
Рамина е родена на 15 јуни, 1992 година, во градот Карачи во Пакистан. Оваа убавица, покрај со моделинг, се занимава и со актерство и ТВ новинарство. Има дипломирано на Универзитетот на Флорида, на студиите за комуникологија, а досега имала неколку насловни страни на престижните списанија. Исто така, има реализирано и неколку улоги во боливудските филмови.
Рамина ги руши предрасудите кога станува збор за моделите од нејзината родна држава, а со своите продорно сини очи успева да ги освои срцата на многу обожаватели кои ги има.
„Сакам да го променам мислењето на луѓето и да им покажам на малцинствата од конзервативните средини како е да се биде модерна жена, а во исто време и да се почитува и сака совјата култура. Целта ми е да ги проширам видиците во конзервативните средини, каков што е мојот Пакистан, и да им покажам дека е сосема во ред да се одвоите од традицијата и да постигнете нешто големо“, истакнува Ашфаке.