Рамбо на гости кај Бојко Борисов (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес беше домаќин на холивудската актерска ѕвезда Силвестер Сталоне, кој го посети во неговиот кабинет.

Славниот Сталоне периодов престојува во Софија, каде снима сцени за потребите на продолжение на филмскиот хит ,,Рамбо”.

Борисов на својата официјална страница сподели фотографии и снимки од средбата. Јавно му се заблагодари за пофалните зборови кои актерот не ги штедел за убавините на Бугарија, но и за бугарите со кои работел на филмот.

„Не сме се виделе десет години, но ти си истиот Рамбо“ – му рече премиерот на Сталоне.

Forbes пишува дека ова петто продолжение го прикажува Рамбо како американски ранчер, а кога ќе исчезне ќерката на неговиот пријател, Рамбо се фрла во пресметка со мексиканските картели.

„Last Blood“ го режираше Адријан Грунберг, а на сценариото работеа Силвестер Сталоне и Мет Сирулник.

Филмот во кината пристигнува во септември, оваа година, речиси 12 години после четвртото продолжение од оваа популарна франшиза од 2008 година. Сталоне за прв пат го оживеа на филмското платно ликот на Џон Рамбо во 1982 година, во филмот „First Blood“.