Рамбо Амадеус: „Сакам сам себеси да се тужам во Хаг“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рамбо Амадеус во изјава за „Радио Слободна Европа“, 2000 година:

„Јас, исто така, сакам самиот себеси да се тужам бидејќи својата прва плоча ја именував Tugo jesenja, turbo folk. Го именував тој правец во музиката да се вика турбо фолк и се чувствувам како Нобел кој го измислил динамитот и мислел дека ќе се користи во градежни цели, а луѓето почнаа да војуваат со него.

Или, уште поскромно, како Ајнштајн и неговата E=mc², па потоа беше изработена атомската бомба. Не сум сигурен колку жителите на Хирошима го сакаат Ајнштајн поради тоа. (…) Планирам самиот себеси да се тужам во Хашкиот трибунал, да видам дали навистина учествував во подготовката на таа психолошка состојба за луѓето после тоа да бидат во состојба да војуваат. Сè повеќе ме мачи таа работа, па нека се докаже таму во Хаг дали сум виновен или не“.