Рамбо Амадеус на страната на студентите – ги поддржа протестите и испорача 7 барања


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Антоние Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, на својот Фејсбук профил се осврна на студентските демонстрации против новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Неговиот статус го пренесуваме во целост.

Како и секогаш досега, јас сум на страна на студентите. Ако тие се платеници, и јас сум. Сигурно сум повеќе платен од мнозинството. Секако, јас би имал малку поинакви барања од нив, не би се занимавал со персонални решенија, само со правила.

1. На таблоидите и шунд телевизиите да им се одземе правото на информативна програма и објава на вести од политиката, какви било политички емисии. Ред цицки, ред газови, ред политичари, тоа не деградира и нас и власта.

2. Независна студентска комисија да ги среди избирачките списоци, наводно има повеќе гласачи отколку полнолетни жители.

3. Воведување законска обврска за гласање, демократијата е заложник на неодговорните апстиненти. Најревносни, очигледно, се овие што земаат пенкало во рака еднаш во четири години, па не сакаат никако да го пропуштат тоа доживување. Најнеодговорни се овие што мислат дека знаат се, што се однесуваат како изборот да е за мис, па никој не им се допаѓа.

4. Да се ограничи минутажата на појавување на политичарите на телевизија. Овој се појавува 100 пати повеќе од Тито. Тито, се сеќавам, беше само во првите пет минути од дневникот, а говори држеше само кога има некаква фрка или прослава, еднаш во три месеци. Овој е на ТВ подолго од спикерите.

5. Во информативните емисии да се укинат информациите кој што рекол, да се остави само кој што направил. Што навистина се случило. Од паламудење не се распознава што е, а што не е.

6. Секоја вечер на ТВ дневникот да се покажуваат графикони од надворешниот и внатрешниот долг, бројот на невработени, топ-листа на просечен доход во Европа.

7. ……….

8. ……….

9. Слободно допишете, но водете сметка, правилата треба да важат за сите.