Рама: Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ситуацијата во Македонија би можела да излезе од контрола бидејќи лидерот на втората најголема политичка партија одбива да го даде мандатот за формирање влада во која би учествувале партиите на локалните Албанци, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарскиот весник Tages Anzeiger.

Запрашан за нападите од дел од македонските политичари дека се меша во внатрешните работи на една земја, Рама потсети дека Албанија не го довела никогаш во прашање името на државата, јазикот или идентитетот.

Ние само да побаравме од Владата во Скопје да ги почитува правата на Албанците во целост. Тоа е несфатливо за нас кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? Француски, како забранет јазик во федералните институции или судот?, праша Рама.

Лидерот на албанската Социјалистичка партија рече дека „политичката температура“ на Балканот значително пораснала, осврнувајќи се на тензиите во целиот регион.

Во Србија се избира нов шеф на државата на 2 април, а провокациите кон младиот сосед се постојани. Косовските власти сакаат да формираат своја армија, без консултации со западните сили, што секако предизвикува тензии. Единството во Босна е под знак прашалник заради однесувањето на српските тврдокорни струи. Црна Гора има драматични парламентарни избори зад себе, рече Рама во интервјуто за Tages Anzeiger.