Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раководството на Јувентус спрема голема реконструкција на тимот на лето, па само 10 фудбалери од актуелниот состав сигурно ќе останат во Торино, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Раководството на клубот е разочарано од големиот пораз од Реал Мадрид во Лигата на шампиони и спрема големи промени за следната сезона.
Сигурни фудбалери кои ќе останат во Торино се голманот Шчешни, дефанзивците Киелини, Де Шиљо, Бенатиа и Барзаљи, играчите за врска Матуиди, Пјаниќ и Даглас Коста, као и напаѓачите Игуаин и Бернардески.
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон ќе стави крај на кариерата, а најголемата ѕвезда во тимот, Пауло Дибала најверојатно ќе биде продаден.
Договорите на Лихштајнер и Асамоа истекуваат и сигурно нема да бидат подновени, а Бенедикт Ховедес ќе биде вратен во Шалке после истекот на позајмицата.
Голем дел од важните фудбалери би можеле да го напуштат тимот како Сами Кедира, Марио Манџукиќ, Клаудио Маркизио, Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.
#JuveRM Gallery ➡️ https://t.co/OentttncSp#UCL pic.twitter.com/L7Ifc3uG3g
— JuventusFC (@juventusfcen) April 3, 2018