Славни

Ракометарот Кузмановски „рипна во тавче“, ја запроси девојката во полна кафана

Македонскиот репрезентативец и член на Магдебург, Филип Кузманоски вчера ја побара за жена својата девојка Моника и тоа пред полна кафана во Битола.

Моника Игнова има 25 години, ги заврши додипломските студии на Правниот факултет во Скопје, и е е братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.

Левиот бек сезонава настапуваше за битолски Еурофарм Работник, а од следната сезона ќе биде член на Магдебург во Бундес лигата.

Откако Моника му кажа „ДА“, Кузмановски ќе може во одлично расположение да се подготвува за новата натпреварувачка сезона.

Advertisements
To Top