Ракометарките добија тешка група за квалификациите за ЕП


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Женската ракометна репрезентација на Македонија денес ги доби противниците преку кои ќе се обиде да избори пласман на Европското првенство во Франција наредната година.

Македонските ракометарки немаа среќа со жрепката, за противнички ги добија ракометарките на Србија и Шведска, кои се фаворитки во Групата 3.

Четвртата репрезентација која ќе партиципира во оваа група ќе биде победникот од претквалификации во кои ќе играат Финска, Фарски Острови и Грција.

Пласман на ЕП ќе изборат по две најдобри репрезентации од седумте квалификациски групи и најдобрата третопласирана репрезентација.

Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска и Норвешка
Група 2: Италија, Словачка, Полска и Црна Гора
Група 3: Победникот од квалификациската група А, Македонија, Србија и Шведска
Група 4: Португалија, Австрија, Русија и Романија
Група 5: Исланд, Словенија, Чешка и Данска
Група 6: Литванија, Турција, Германија и Шпанија
Група 7: Победникот од квалификациската група Б, Белорусија, Унгарија и Холандија.