Ракитиќ поради Меси ја напушта Барса!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ би можел да ја напушти Барселона и тоа поради Лео Меси, пренесуваат шпанските медиуми.

Првата ѕвезда на каталонскиот клуб сеуште го нема продолжено договорот, а со оглед на фактот дека Меси бара огромна плата, Барселона ќе мора да се откаже од поедини фудбалери, со цел да заштеди пари за Аргентинецот.

Поради тоа шпанските медуми тврдат дека една од жртвите поради новиот договор на Меси може да биде Ракитиќ!

Сепак, Хрватот нема да има проблеми да пронајде нов клуб бидејќу за него силен интерес покажуваат двата клуба од Манчестер како и италијанскиот шампион Јувентус.

Ракитиќ е член на Барселона од 2014 година кога пристигна од Севиља за 18 милиони евра и веднаш се наметна како еден од клучните фудбалери во каталонскиот тим.