Спорт

Ракитиќ верува: Јувентус ќе помине како и ПСЖ

Барселона игра лошо. После поразот од Јувентус од 0:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Барса во 32то коло од Ла Лига го пречека Реал Сосиедад и едвај победи со 3:2.

Гостите во Барселона имаа поголем посед на топка и требаше да освојат барем бод. Меси со два гола и една асистенција ја спаси бедната Барса.

Во иста состојба како и целата екипа се наоѓа и Иван Ракитиќ, кој ја игра најлошата сезона во кариерата. Во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ беше спор, незаинтересиран, пропустлив во одбрана, а без допринос во нападот.

И покрај тоа што Барса игра и изгледа лошо, Ракитиќ е оптимиста пред возвратниот дуел со Јувентус во среда на домашен терен:

„Апсолутно веруваме во себе дека во реваншот против Јувентус можеме да го направиме истото како и против ПСЖ (Барса го победи ПСЖ со 6:1 после поразот од 0:4 во првиот натпревар, з.а.) и да надоместиме 0:3. Навивачите се со нас. Заедно можеме до пресврт“, вели Ракитиќ, како што пренесува Спортски.мк

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top