Славни

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселона после репрезентативните обврски.

Ракитиќ по натпреварот помеѓу Велс и Хрватска одлучи веднаш да се врати во Барселона каде што се живее и неговото семејство. Меѓутоа, хрватскиот репрезентативец се најде во голем проблем бидејќи од аеродромот мораше да пешачи.

Имено, сообраќајот во Барселона вчера беше во потполност блокиран поради пресудата за каталонските лидери. Демонстрантите го блокираа и аеродромот поради што ѕвездата на Барселона мораше да пешачи до дома.

Еден од минувачите го фотографирал Ракитиќ како си оди пеш со куферот накај својот дом, а наскоро фотографијата стана хит на социјалните медиуми.

Сепак, после се Ракитиќ се јави на својот Инстаграм и информираше дека безбедно пристигнал во својот дом.

„Добро сум и стигнав дома кај моите принцези. Ви благодарам на сите на вашите пораки“, порача Ракитиќ.

Advertisements
To Top