Ракитиќ ја напушта Барселона и се сели во Серија А


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цело лето се шпекулираше дека Ракитиќ ќе ја напушти Барселоан и дека ќе биде вклучен во потенцијалниот трансфер на Нејмар, на крајот сепак остана на „Камп Ноу“.

Хрватот се уште е во втор план кај тренерот Валверде, не е задоволен од својот статус и минутажата и е спремен да го напушти клубот уште во зимскиот преоден рок.

Хрватскиот репрезентивец откри дека летово голем интерес за него покажал Јувентус, дури и Кристиано Роналдо го повикал, сепак трансферот не се реализирал затоа што Барселона барала оштета која Јувентус не бил спремна да ја плати.

Последните информации говорат дека Ракитиќ во јануари може да се пресели во Серија А, но во големиот ривал на „старата дама“, тимот на Интер.

Актуелниот договор на 31-годишниот фудбалер истекува во јуни 2021 година и Интер веќе работи на трансферот, но „нероаѕурите“ ќе треба да ја победат силната конкуренција.