Екстра

Рајот е таму и можете да си го изнајмите само за вас

Дестинацијата е Стен Крик, Белизе. Рајот има форма на приватно островче со име Литл Харвест Каје (Little Harvest Caye) кое поседува 5 спални соби, 6 бањи, базен, персонална послуга и фантастичен поглед на океанот од 360 степени.

Послугата која ќе ви стои на располагање се единствените „надоврешни“ лица кои ќе ги гледате на овој изолиран остров, а тие си имаат засебен простор за живеење додека сте таму.

Островот има површина од вкупно 6.000 квадратни метри. Лоциран е на околу еден километар од селото Планценција. Нуди фантастична панорамска глетка во сите правци – од океанот, до селото и планинскиот масив Маја.

Цената од вечер за изнајмување на овој остров се движи нешто над 2.000 долари.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top