Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми Мино Раиола ќе го преземе „случајот Икарди“ и набрзо официјално ќе стане негов менаџер.
Неговиот сегашен агент, сопругата Ванда Нара ќе добие помош од Мино Раиола кој ќе ги води преговорите за неговиот трансфер.
Интер не се прашува ништо бидејќи Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат.
Италијанските медиуми пренесуваат дека следна дестинација за напаѓачот ќе биде Париз, бидејќи ПСЖ му нуди наголема плата, односно 13 милиони евра по сезона.
Таа сума не е спремен да ја понуди ниту еден друг клуб во Европа, а Раиола има одлични односи со Пари Сент Жермен.
Тоа не е се. Во „пакет“ со Икарди на „Паркот на принцовите“ ќе се пресели и Џанлуиџи Донарума, кој исто така е под палката на Мино Раиола.
ПСЖ е во потрага по нов голман, а Домаруна е примарна цел во моментов.