Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иднината на Пол Погба повторно е актуелна тема на Островот и медиумите тврдат дека Французинот може да го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.
Во текот на летото Погба беше трансфер цел на Реал Мадрид, но двата клуба не успеаа да се договорат околу обештетувањето, а тоа денес го потврди и неговиот менаџер Мино Раиола.
„Да, постоеше голем интерес од Реал Мадрид но Манчестер јунајтед не сакаше да го пушти. Не кренавме врева поради тоа. Некои играчи се подготвени да направат екстремни работи во ваква ситуција, но не и Пол. Постоеше интерес од Реал, но Јунајтед не му дозволи да замине, и жал ми е поради ова бидејќи Пол е Французин и сите добро знаеме колку Зидан е важен фактор во француската фудбалска историја“, изјави Раиола.
Погба не е такво момче какво што сакаат да го претстават Гери Невил и сите останати фрустрирани поранешни играчи кои велат, „треба да се засрами поради ова, да се засрами поради она“. Од што треба да се засрами? Секој ден работи напорно и го дава најдоброто од себе. Не се жали поради тоа што не игра во Лигата на шампионите. Секогаш бил почитуван и сакан од Солскјер, па затоа никогаш не може да му се налути“, додаде менаџерот.