Раиола откри зошто Де Лихт го избрал Јувентус!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус победи во трката за еден од најбараните дефанзивци во Европа, Матијас де Лихт, кој утрово пристигна на лекарски прегледи во Торино.

Покрај навивачите, во медицинскиот центар на Јувентус е присутен и неговиот агент Мино Раиола, кој објасни зошто Холанѓанецот ја избрал „старата дама“.

„Јувентус во овој момент е најдобриот избор за него. Важно е еден дефанзивец да дојде во Италија, тука може да стане најдобар во светот. Овој чекор беше неопходен во неговата кариера. Во моментов Матијас е најдобриот млад фудбалер во светот“, изјави Раиола.

„Не станува збор за моја сугестија, овој избор беше цел процес. Ги согледавме сите аспекти и решивме дека Јувентус во овој момент е идеално место за негов развој. Според карактерот и амбициите, Де Лихт е многу сличен на Ибра“, додаде Раиола.