Раиола: Милан е голем клуб, но Донарума заслужува одличен тим!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најталентираниот голман на светот Џанлуиџи Донарума викендов наполни 18 години и стана полнолетен, па неговата иднина е главна тема на Апенините.

Синоќа Џиџи го славеше полнолетството во еден ресторан во Милано каде беа присутни целиот тим, семејството, Галиани и менаџерот Мино Раиола.

„Му подарив пенкало, се надевам дека со него ќе го потпише новиот долгогодишен договор со Милан“, изјави Галиани,

Сепак, неговиот менаџер Мино Раиола истакна дека сеуште не знае каква ќе биде иднината на младиот голман, бидејќи не ја знае новата раководна структира на „росонерите“ и какви ќе бидат плановите на новите сопственици.

„Каква ќе биде неговата иднина? Знам многу работи, но да предвидам што ќе се случи утре е премногу тешко. Направивме пакт со клубот, да го оставиме на мира и да не говориме на оваа тема, па ќе ги почитувам правилата“, истакна Раиола и додаде:

„За мене Милан сеуште е Галиани. Се додека не видам кој е новиот сопственик и не почнам да разговарам со нив, не можам да имам јасна слика. Милан е голем клуб, но Џиџо заслужува одлична екипа. Треба да видиме какви ќе бидат плановите на новите сопственици“, закличи контроверзниот менаџер.