Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Контроверзниот менаџер Мино Раиола е главна тема на Апенините, особено после последните случувања со Џиџо Донарума.
Раиола призна дека е во лоши односи со новото раководство на Милан и потврди дека тој ја донел одлуката Донарума да не потпише нов договор со миланскиот гигнат.
Притоа, контроверзниот агент повторно го нападна новото раководство на „росонерите“ изјавивајќи дека ако Галиани бил на чело на клубот, Ибра ќе се врател на „Сан Сиро“.
„На адреса на Ибра пристигнаа огромен број понуди, од САД и други земји“, изјави Раиола за „Газета дело Спорт“.
„Дали би можел да се врати во Италија? Дефинитивно нема да се пресели во Наполи. Милан ме нема прашано за Ибра. Да беше Галијани главен, Ибра веќе ќе беше вратен на Сан Сиро”, заклучи Мино.