Home Спорт Рагник е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Рагник е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Oна што се најавуваше сега е и официјално, Ралф Рагник е нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Откако беше договорено раскинување на договорот со Локомотив Москва каде што Рагник беше спортски директор, Јунајтед то потврди неговиот ангажман. Рагник се согласи да ја прифати работата во Јунајтед на краткорочен период, но под услов да остане во клубот како консултант до 2024 година и има моќ да влијае на одлуките околу играчкиот кадар.

„Возбуден сум што започнувам во Манчестер Јунајтед, фокусиран сум да обезбедам успешна сезона за клбуот. Тимот е полн со талент има и добар баланс на младост и искуство. Моите напори во наредните шест месеци ќе бидат да им помогнам на играчите да го прикажат полниот потенцијал“; изјави Рагник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…