Рагбистките позираа полуголи за да привлечат нови девојки во тој спорт


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Девојките од женскиот рагби тим Владивосток Оркас во секси издание позираа на социјалните мрежи со цел да се обидат да привлечат нови девојки во нивниот спорт, меѓутоа за дел од интернет заедницата нивните фотографии беа премногу провокативни.

Женските кои се професионалки во американски фудбал, се раслекоа по гаќички, градници и други провокативни парчиња облека, па некои дури и топлес, со цел да го промовираат овој спорт и да направат обид да привлечат нови девојки во нивната бранша.

„Не ги уништуваме само нашите маици, туку и општествено наметнатите стандарди за убавина. Веруваме дека американскиот фудбал е прекрасен. Меѓусебно се поддржуваме, плачеме и се смееме заедно. Придружете ни се“, стои во описот на фотографиите.

Меѓутоа, откако Русинките навистина успеаја да привлечат нови девојки во американскиот фудбал, дојдоа и обвинувањата насочени кон нив во коментарите на социалните мрежа.

„Ова повеќе личи на порнографија“, „Добро е да се разбиваат стереотипите, но дали мораше да се фоткате во гаќчки?“ беа само некои од негативните коментари.

„Целта беше да привлечеме нови девојки во клубот, да им покажеме дека не се разликуваме од останатите жени“, објаснија рагбистките.