Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисерски ас, 32-годишниот Рафаел Надал, после 14 години љубовна врска, конечно одлучи да стапи во граѓански брак со својата долгогодишна девојка, 39-годишната Мери Перело.
Тој се верил со Перело, а венчавката е планирана на есен, во Мајорка. Според шпанските вести, Рафа ја побарал за жена Мери за време на романтично патување во Рим во мај. Но , парот одлучил да не открива многу за свршувачката барем некое време.
Марија Франческа Перел работи за осигурителна компанија. Таа е воедно и директорка на проектот ,,Фондација Рафаел Надал” , хуманитарна организација што ја отвори пред десетина години славниот тенисер.