Advertisements
Спорт

Рафа Надал останува „крал на земјениот терен“ – по 12-ти пат го освои Ролан Гарос

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е бескомпромисен „крал на земјениот терен“ и непобедлив рекет на „Ролан Гарос“ по 12-ти пат освојувајќи го престижниот тениски турнир во Париз, откако во финалето славеше над Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1.

„Кралот на земјата“ одлично го отвори мечот, иако Тим прв дојде до брејк. Надал потоа возврати со два брејка и го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет двајцата тенисери лесно доаѓаа до гемови, но Тим ја искористи шансата за брејк на 5:5 и израмни на 1:1.

Во следните два сета Надал наметна свој ритам кој Тим не можеше да го следи и рутински ги освои за вкупни 3:1.

Надал дојде до својот 18-ти Грен слем и рекорден 12-ти на „Ролан Гарос“.

Advertisements
To Top