Радост за сите љубители на животни: Берлин го слави раѓањето на мало поларно мече


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зоолошката градина во Берлин, Tiepark, доби нов член и нова радост – малото поларно мече кое го роди нивната поларна мечка Тоња.

Работниците во зоолошката градина објавија снимка и фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како Тоња го лиже своето младенче кое се роди минатиот четврток. Второто младенче се роди мртво.

Новото поларно мече веднаш е почнато да се дои, а уште нема добиено име. Првото младенче Фриц почина во март кога имаше само четири месеци. Причината за смртта не беше откриена.

Степенот на смртност кај младите поларни мечки е 50 насто, а многу е поголем во првите десет дена од животот.