Radar Online: На повидок развод од 450 милиони евра – Клуни и Амал се разведуваат?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според најновите информации кои ги пласираат американските шоубизнис медиуми, славниот холивудски актер Џорџ Клуни и адвокатката Амал наскоро може да го завршат својот брак со развод, после неколку заеднички години поминати во љубов.

Популарниот американски портал „Radar Online“ пренесува дека Амал заедно со нивните две деца, близначињата Александар и Елу, после жестоките расправии и кавги кои ги имале таа и Џорџ. Актерот прилично се налутил од таквата нејзина постапка, па постојано ѝ праќал СМС пораки, барајќи да му дозволи да си ги види децата.

Истиот медиум објави дека Амал му одговорила на пораката на сопругот, велејќи му дека ако сака да ги види нивните деца, ќе мора да спие во гостинската соба во Сардинија, а нејзе воопшто да не ѝ се доближува. Оваа вест изненади многумина, особено затоа што Џорџ и Амал се појавија заедно пред неколку дена на прославата на Обединетите нации.

Амал долги години работи како амбасадор на ОН за бројни хуманитарни проекти, а неодамна изјави дека со години сонувала за совршениот маж како нејзиниот сопруг.