Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако не можела да си одбере венчален фустан за свадбата, Вероника која сите нејзини блиски и пријатели ја викаат Кика, си поставила амбициозна цел, 6 недели пред венчавката сама да си ја сплете сопствената венчаница.
Во видеото на Јутуб на својот канал, кое собра над 4,5 милиони прегледи, таа го споделила процесот на изработка на фустанот како и причината поради која се одлучила на овој чекор, пишува „Сан“.
– Решив сама да си ја сплетам венчаницата за 5 недели. Ова е веројатно најлудиот потфат на кој сум се нафатила – изјавила идната невеста.
Гледајќи ги фустаните на Интернет, сфатила дека треба сама да ги плете.
-Колку повеќе гледав фустани на Интернет, толку повеќе почнав да мислам дека можеби тоа треба да го направам сама. Купив конец, но не бев сигурна дали ќе успеам да ја завршам навреме – изјави Кика.
Таа признава дека е „нервозна“, а за фустанот нарачала конец од волна и свила. Материјалот чинел околу 260 евра. Никогаш претходно немала плетено фустани и стравувала да не добие „бапски“ фустан. Инспирација црпела од креациите на Диор и Шанел. За да го сплете фустанот ѝ биле потребни околу 200 часа, а се нашла и пред многу предизвици.
– По околу две недели го завршив горниот дел од фустанот, но кога го пробав сфатив дека е преголем. На крајот, морав сè да расплетам и да почнам од почеток. Кога ги правев ракавите, никако не можев да ја погодам големината, бидејќи постојано ми паѓаа од рамениците и ми ги откриваа градите – низ смеа раскажува Кика.
Пред самиот крај, таа едвај чекала да го заврши „проектот“.
-Кога го завршив фустанот се чувствував толку уморно и фрустрирано, а до свадбата имав само неколку дена да одморам – изјави Кика.
Кога конечно дошол тој ден, таа почувствувала олеснување и сфатила дека не може да биде посреќна.
– Плетењето е мојата љубов, па пресреќна сум што ја претставив мојата креација на сопствената свадба – заклучила Кика.